Прва етапна победа за Плаза во Франција

20.07.2015 20:45

Иако во финишот беше загрозен од Словакот Петер Саган и од Колумбиецот Харлисон Пантано, сепак 190 см високиот Плаза успеа прв да мине низ целта...

Шпанецот Рубен Плаза Молина победи на 16 етапа на “Тур Д’Франс“ што се возеше на релација Бур Де Пиж –Гап во должина од 201 км. Тоа е прва етапна победа на трката низ Франција за 35 годишниот член на “Лампре – Мерида“ и само втора на елитните трки по пауза од една деценија, откако освои една етапа на шпанската Вуелта. Иако во финишот беше загрозен од Словакот Петер Саган и од Колумбиецот Харлисон Пантано, сепак 190 см високиот Плаза успеа прв да мине низ целта.

Британецот Кристофер Фром ја задржа лидерската позиција со 3 минути и 10 секунди предност во однос на најблискиот противник Наиро Кинтана од Колумбија и со 3 минути 32 секунди пред Американецот Тиџеј Ван Гардерен. Утре е последниот слободен ден од трката, по кој следуваат 4 планински етапи, почнувајќи од 17 етапа од  Дињ ле Бен до Пра Луп во должина од 161км.