Убедлив пораз на јуниорите

23.07.2015 19:42

Македонските кошаркари до 18 години со пораз го почнаа Европското првенство од Бе-дивизијата во Австрија. Селекцијата на Саша Димитријевиќ денеска загуби од Данска со 76-54...

Летниот период од сезоната вообичаено е термин за големите собири во помладите возрасни категории. Македонските кошаркари до 18 години со пораз го почнаа Европското првенство од Бе-дивизијата во Австрија. Селекцијата на Саша Димитријевиќ денеска загуби од Данска со 76-54. Кај нас и на мечот воопшто, најпрецизен играч беше Ненад Димитријевиќ со 24 поени.

Во наредните четири дена Македонија ќе игра со Исланд, со Република Ирска, со Израел и со домаќинот Австрија, а најдобрите две репрезентации ќе продолжат во наредната фаза меѓу осумте најдобри.

Трето и четвртопласираните во четирите групи ќе се натпреваруваат за пласман од деветтото до 16-тото место, а оние што ќе завршат петти и шести ќе играат за пласман меѓу 17-тата и 24-тата позиција во конечното рангирање.