Хамилтон супериорен

25.07.2015 15:47

До 9-тата пол позиција сезонава,5-та на Хунгароринг, британецот стигна убедливо со повеќе од половина секунда во однос на својот тимски колега и главен конкурент Росберг...

Луис Хамилтон е без конкуренција,барем таков е впечатокот по супериорно извозените квалификации во пресрет на трката за големата награда на Унгарија. До 9-тата пол позиција сезонава,5-та на Хунгароринг, британецот стигна убедливо со повеќе од половина секунда во однос на својот тимски колега и главен конкурент Росберг и повеќе од 7 десетинки во однос на минатосезонските колеги од Ред Бул, Себастијан Фетел сега во Ферари и минатогодишниот победник Даниел Рикардо кои ќе стартуваат од вториот ред. Раиконен и Ботас ќе го комплетираат третиот,а од 4-от ред на гридот трката ќе ја почнат Квјат и Маса. Во завршниот дел од квалификациите ги видовме и Верстапен и Гросжан ,а веќе очекувано немаше место за шампиопнскиот возачки тандем од Мекларен Хонда, Алонсо и Батон.

За разлика од првиот тренинг во Унгарија квалификациите минаа мирно и не најавија можност за оспорување на доминацијата на Мерцедес,барем до летната пауза.Сепак Хунгароринг знаел да понуди возбудувања,можеби на утрешната трка што ќе стартува во 14 часот со пренос на првиот програмски сервис на МРТ.