Правилното дишење ја ублажува нервозата

27.07.2015 17:35

Просечен човек без храна може да преживее три седмици, без вода три дена, а без кислород само неколку секунди. Животот почнува и завршува со здивот. Затоа експертите предупредуваат дека мозокот кога не добива доволно кислород, го црпи од останатите органи...

Експертите предупредуваат дека мозокот е орган на кому му е потребно три пати повеќе кислород од останатите, па ако не го добие, го црпи од останатите органи, за да не остане „гладен“.
 
Просечен човек без храна може да преживее три седмици, без вода три дена, а без кислород само неколку секунди. Животот почнува и завршува со здивот. Затоа експертите предупредуваат дека мозокот кога не добива доволно кислород, го црпи од останатите органи.
 
Токму тоа е одговорот на прашањето поради што често чувствуваме дека сме ментално и физички исцрпени. Кислород има се помалку кога нешто не мачи.
 
Кога сме под стрес, речиси редовно забораваме да дишеме или тоа го правиме градно, што доведува до изумирање на клетките кои почнуваат да се гушат, вели Ирена Мотика, експет за данска терапија, која посебен акцент става на техниките за дишење.
 
На тегобите мора да реагираме така што со долниот дел на стомакот ќе вдишеме низ нос, а потоа ќе издишеме низ уста, и притоа ќе замислиме како да имаме дупка на грлото, од која излегува стресот. Би требало тоа да го повториме барем три пати. 
 
Секој пат кога ќе почувствуваме дека сме вознемирени, мора така да реагираме, бидејќи организмот се памети и се враќа.