На 128.сесија во Куала Лумпур, ИОК ог одреди градот домаќин

ЗОИ 2022 во Пекинг

31.07.2015 15:28

Претседателот на ИОК Томас Бах објави дека кинеската престолнина ќе биде организатор на Зимските Игри во 2022. Во надгласувањето извиси главниот град на Казахстан, Алмати...

Пекинг ќе биде првиот град домаќин и на Летни и на Зимски Олимписки Игри. На 128-та Сесија на ИОК во Куала Лумпур, Претседателот на ИОК Томас Бах објави дека кинеската престолнина ќе биде организатор на Зимските Игри во 2022. Во надгласувањето извиси главниот град на Казахстан, Алмати.

Изборот на Пекинг значи дека првпат во историјата две зимски олимпијади по ред ќе се одржат во Азија. Во 2018 домаќин ќе биде јужнокорејски Пјеонгчанг.

Конкуренцијата беше осиромашена, откако европските градови Минхен, Стокхолм и Осло уште претходно под притисок на јавното мислење ги повлекоа кандидатурите. На гласањето Пекинг доби 44 гласа, само четири повеќе отколку Алмати. 15 членови на ИОК биле отсутни од заседанието, што можеби и влијаело на изборот.

Казахстан не успеа да стане првата централноазиска земја домаќин на Зимските Игри. Не и помогнаа ниту фактот што е економски најразвиена во регионот, ниту огромните богатства нафта и гас, ниту плановите да го искористи настанот за зголемување на вложувањата и за развој. Алмати има и снег и конвенционални зимски терени и борилишта, се што Пекинг нема, но кинескиот главен град веќе се имаше докажано како успешен домаќин, на Летните Игри 2008. Се смета дека е сигурен избор и врвна туристичка дестинација со инфраструктура да организира големи настани.

Ако адут повеќе му беше веќе докажаната способност да го контролира загадувањето, хендикеп на Пекинг не му беше ниту тоа што планира планинските натпревари на снег да ги организира во провинцијата Хеибеи, оддалечена 190 километри од градот, ниту пах вечно актуелната кампања за непочитувањето на човековите права во Кина.

Со оглед на тоа дека европските кандидати рано испаднаа од трката, огромна е неизвесноста колкави финансиски придобивки неси организација на една зимска олимпијада. Сепак, Пекинг најавува дека победата ќе ја искористи како отскочна штица во борбата со загадувањето на воздухот и како силен поттик за создавање милиони работни места во спортската индустрија.