Џон Стјуарт се одјави од американското „Дејли шоу“

07.08.2015 15:43

Погодете што. Имам големи вести – тоа е тоа, изјави Стјуарт во последното издание на неговата емисија...

Водителот на познатото американско шоу „The Daily Show“ , Џон Стјуарт синоќа ја имаше последната емисија во таа улога. Стјуарт оваа работа ја напушта после 16 години за време на која се искачи на позиција водител, на чии информации, според анкетите, најмногу веруваат младите луѓе во САД, иако станува збор за хумористична емисија.
 
Покрај САД,  Стјуард стана познат и во остатокот на светот.
 
Погодете што. Имам големи вести – тоа е тоа, изјави Стјуарт во последното издание на неговата емисија.
 
Последната емисија „The Daily Show“ Стјуарт ја почна како и повеќето други во последно време, со разговор за републиканските кандидати за претседател, но набрзо дојде до обединување на сите дописници кои придонеле во текот на изминатите 16 години. Стјуарт се изгради како популарен критичар на Републиканската партија и американската десничарски настроена Фокс Њуз. Беше наколонет кон левицата и ги поддржуваше правата на имигрантите, муслиманите, хомосексуалците и другите малцинства и остро го исмеваше Џорџ Буш поради војната во Ирак, а неретко го критикуваше и Израел поради третманот на Палестинците.
 
На Стјуарт „збогум“ му посакаа некои од оние кои најмногу ги критикуваше. Така гувернерот на Њу Џерси, Крис Кристи рече: Збогум никогаш нема да те заборавам но секако дека ќе се обидам. Политичкиот коментатор до Фокс Њуз Бил О’ Рајли во шега му порача: „Забавувај се додека ги храниш зајаците, губитнику. Сенаторот Џон Мекејн се прости со зборовите: „Довидување, магаре едно“.
 
Стјуарт им се заблагодари на луѓето со кои работеше на шоуто изјавувајќи дека тоа е најубавото место каде некогаш бил, но и на својата сопруга и децата со зборовите: Ви благодарам што ме научивте што е тоа радост.
 
Ова шоу не завршува, само малку паузираме. Затоа наместо збогум ќе ви кажам, одам по пијалак, сигурен сум дека ќе ве видам повторно пред да заминам, изјави Стјуарт, најавувајќи дека шоуто ќе продолжи но со друг водител.