Фејсбук има 1,49 милијарди корисници

07.08.2015 15:49

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг се пофалил на својот профил дека најпопуларната социјална мрежа достигнала 1,49 милијарди корисници месечно. Исто така, се приближува и до бројката од една милијарда активни корисници дневно...

Фејсбук објави дека во вториот квартал од годинава неговиот приход се зголемил на 4,04 милијарди долари, што е многу повеќе од предвидувањата на Волстрит.
 
Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг се пофалил на својот профил дека најпопуларната социјална мрежа достигнала 1,49 милијарди корисници месечно. Исто така, се приближува и до бројката од една милијарда активни корисници дневно.
 
Кога е воспоставен првиот телефонски повик во 1876 година, тогаш во светот живееле 1,49 милијарди луѓе. Сега 1,49 милијарди луѓе се дел од нашата заедница. Со секоја нова генерација светот се зближува. Еден ден нашата заедница ќе ги спои сите. Ви благодарам што сте дел од нашата мисија и нашата заедница, објави Цукерберг.
 
Интересен е податокот дека дури 76 отсто од приходите од реклами на Фејсбук пристугнуваат преку мобилните апарати. Огласувањето преку мобилни апарати секогаш се сметало за најголем проблем и предизвик за социјалните мрежи.