Одбојка - Европска лига 2015

Повторно на победа против Полска

08.08.2015 10:34

И вчера имавме слабости во играта. Долго го баравме блокот, на моменти приемот не беше на ниво, не можевме да се одбраните од средниот дел на мрежата. Но издржавме психолошки...

На македонските одбојкари повторно им е потребна победа над Полска за да се надеваат на пласман на завршниот турнир во Европската лига. Нашата репрезентација вчера беше подобра со 3-2, а денеска ќе напаѓа дури и поубедлив триумф за да ја продолжи трката со Грците кои исто така се надеваат на полуфинале во престижното друштво.

И вчера имавме слабости во играта. Долго го баравме блокот, на моменти приемот не беше на ниво, не можевме да се одбраните од средниот дел на мрежата. Но издржавме психолошки, дури и го подаривме третиот сет во којшто водевме со 24-22. Полјаците премногу грешеа, особено на сервис, а лошо примаа во завршните моменти што ни ја олесни работата.

Без оглед што во Европската лига противникот игра со „Бе“ тимот, Македонија оствари голема победа во Калиш и потврди дека може да му парира на вториот состав на актуелниот светски првак. Сепак, за да има тежина вчерашниот резултат, треба да се повтори и на вториот меѓусебен дуел. Потоа ќе чекаме Грција да загуби двапати на гостувањето кај Словенија и ќе го почнеме мерењето.

Најпрво на бодовите, потоа на сет, можеби и на поен количникот. Според досегашниот тек на настаните, постои реална можност втора сезона по ред Македонија да биде меѓу четирите, а првпат во својата одбојкарска историја да игра на завршен турнир. Преносот е на Првиот канал на Македонската телевизија од 17 часот.