МРТ ве поканува на аудиција за избор на годинашниот претставник на Македонија за Јуниорски Евросонг

20.08.2015 00:51

Македонската Радио Телевизија  ве поканува на аудиција за избор на најдобри детски гласови, од кои ќе се избере годинашниот претставник на Македонија за Јуниорскиот Евросонг,   Бугарија 2015-та!

Ако сметате дека убаво пеете и  сонувате за голема музичка сцена, пријавете се на е-маилот: jescmk@mrt.com.mk, или на телефонскиот број 071/351 770 најдоцна до 5-ти септември 2015 година

Аудицијата ќе се одржи во студиото на МРТ  во недела на 6-ти септември во 11 часот.

Учесниците на аудицијата треба да исполнат две композиции од кои една по сопствен избор и една од досегашните македонски најуспешни песни на Јуниорскиот Евросонг : „Прати ми СМС“,  „Ео, ео“ или „Динг, донг“. 

Дозволен е караоке начин на пеење, при што самите учесници со себе треба да донесат матрица на ЦД.

Децата учесници на аудицијата треба да бидат на возраст помеѓу 10 и 15 години на денот на финалната манифестација на 21 ноември 2015-та.

Не пропуштајте ја вашата шанса,  можеби токму вие сте идната македонска детска музичка ѕвезда! Бидете дел од еуфоријата наречена Јуниорски Евросонг  2015-та!