Над 50 видови пиво на „Пиволенд 2015“ во Скопје

02.09.2015 11:12

Годинава покрај домашни пива, како што најавија организаторите, ќе се точат и пива од Мексико, Шпанија, Германија, Чешка, Белгија...

На скопската тврдина Кале од денеска до 6-ти месецов, по осми пат, ќе се одржи манифестација - гурмански викенд „Пиволенд“.

Ќе бидат понудени над 50 брендови пиво и гурманска храна. Годинава покрај домашни пива, како што најавија организаторите, ќе се точат и пива од Мексико, Шпанија, Германија, Чешка, Белгија.

Петте фестивалски дена ќе бидат исполнети со богата музичка програма, а ќе настапат групи од Македонија и од странство.

Фестивалот на пивото традиционално е во организација на Град Скопје, за што од буџетот се издвоени 200 илјади денари.