Сливите го забрзуваат метаболизмот

02.09.2015 15:43

Посебно се препорачуваат за лица кои имаат проблеми со бубрезите, црниот дроб, срцето и органите за варење...

Освен што се вкусни, сливите имаат благотворно дејство врз здравјето, бидејќи се многу богати со витамини.
 
Посебно се препорачуваат за лица кои имаат проблеми со бубрезите, црниот дроб, срцето и органите за варење.
 
Сто грама свежи сливи содржат 84 отсто вода, 0,6 отсто белковини, 10 проценти јаглено хидрати и 2,1 грам растителни влакна, но она што е најважно е високото присуство на пектин, за кој научно е докажано дека го забрзува метаболизмот. 
 
Од друга страна, благодарејќи на големото количество витамини и минерали, сливата е најзаслужна за добрата работа на срцето и црниот дроб.