„Андроид пеј“ го замени сервисот „Гугл волет“

14.09.2015 13:52

Освен новиот дизајн на логото на апликацијата, има и мали измени во нејзиното функционирање со што сега е поедноставен трансферот на пари на други лица или банки...

Компанијата „Гугл“ воведе измени во својата апликација за онлајн плаќање „Гугл Волет“ и ја претстави „Андроид пеј“ апликацијата за плаќање со мобилни уреди.

Освен новиот дизајн на логото на апликацијата, има и мали измени во нејзиното функционирање со што сега е поедноставен трансферот на пари на други лица или банки.

Станува збор за мала, но значајна измена, бидејќи тоа претставува крај за „Гугл волет“ како средство за безготовинско плаќање во американските продавници.

Новиот сервис „Андроид пеј“ е едноставна апликација што овозможува бесплатен трансфер на пари на било кој што има отворено електронска пошта. Услугата засега е достапна само на територијата на САД.