„Игра на престолите“ доминираше на наградите „Еми“

21.09.2015 13:50

Ова е прва награда Еми во оваа категорија за „Игра на престолите“, иако серијата се емитува веќе пет години...

Популарната телевизиска серија „Игра на престолите“ беше прогласена за најдобар дрмаски серијал на синоќешното 67-мо по ред доделување на телевизиските награди Еми.
 
Ова е прва награда Еми во оваа категорија за „Игра на престолите“, иако серијата се емитува веќе пет години.
 
Покрај за најдобра драмска серија, „Игра на престолите“ освои и Еми за режија и за сценарио, а актерот Петер Динклагер, кој во серијалот го толкува Тајрион Ланистер, доби награда за нахдобра споредна машка улога.
 
Втората по важност награда Еми, онаа за најдобра комедија, ја освои серијата „Veep“ на телевизијата Ејџ-Би-Оу.
 
Церемонијата на додлеувањето на наградите се одржа во театарот „Мајкрософт“ во Лос Анџелес, а нејзин водител беше Енди Самберг.