Над 1,4 милијарди луѓе во светот активно користат Андроид смартфон

02.10.2015 12:36

Извршниот директор на „Гугл“ Сундар Пичел на вчерашниот настан на компанијата, меѓу другото, објави дека моментално постојат над 1,4 милијарди активни Андроид уреди во светот...

Американскиот технолошки гигант „Гугл“ објави дека речиси 1,4 милијарди луѓе во светот активно користат смартфон уреди што работат на Андроид оперативен систем.

Извршниот директор на „Гугл“ Сундар Пичел на вчерашниот настан на компанијата, меѓу другото, објави дека моментално постојат над 1,4 милијарди активни Андроид уреди во светот.

„Гугл“ наведува дека податокот е добиен врз основа на бројот на корисници што се поврзале со „Плеј Стор“, сервисот за преземање на апликации. На „Плеј Стор“ во текот на изминатиот месец се конектирале над милијарда корисници.

Според компанијата бројот на корисници може да биде значително поголем, со оглед на тоа дека во статистиката не се вклучени корисниците од Кина, бидејќи „Плеј Стор“ не е достапен во нивната земја.

Оваа бројка не претставува вкупен број на продадени Андроид уреди и смартфони, туку само на активни корисници на Андроид ОС во изминатите 30 дена.

„Гугл“ својот успех го оправдува со флексибилноста на својата платформа. Андроид е компатибилен со речиси сите модели на смартфони, така што денеска над 200 различни компании произведуваат телефони со инсталиран Андроид.

Најголем конкурент на Андроид ОС е Епл иОС, што е компактибилен само со АјФон. Покрај тоа Андроид моментално има удел од 80 проценти на светскиот пазар, додека иОС користат нешто над 10 проценти, а остатокот е на Мајкрософт Виндоус Фоун и Блекбери ОС и други платформи.