Надал подобар од Вавринка, Ѓоковиќ сигурен а Мареј го “преслуша“ Бердих

16.10.2015 16:53

Рафаел Надал го одигра најдобриот меч по враќањето од повредата и експресно го елиминира Станислас Вавринка со 6 :2 и 6 :1 за само 63 минути игра...

На Мастерс турнирот во Шангај од серијата АТП 1000 се формираа 1 /2финалните двојки. Рафаел Надал го одигра најдобриот меч по враќањето од повредата и експресно го елиминира Станислас Вавринка со 6 :2 и 6 :1 за само 63 минути игра. Шпанецот ја забележа својата 13 победа во 15 меѓусебен дуел со годинашниот победник на Ролан Гарос и потврди дека се враќа во форма по минатонеделното финале во Пекинг. Негов следен ривал е Французинот Жо Вилфред Цонга, кој во 3 сета го совлада Јужноафриканецот Кевин Андерсон со 7 :6, 5 :7 и 6 :4.

Првиот фаворит Србинот Нивак Ѓоковиќ во “тај брејк“ го доби првиот сет против Бернард Томиќ од Австралија, но во вториот доминираше со 6 :1 и се пласира меѓу 4 најдобри. Во полуфиналето ќе игра со Британецот Енди Мареј, кој во пресметката на двајца од елитните “Топ 5“ тенисери неочекувано лесно го победи Чехот Томаш Бердих во два сета, 6 :1 и 6 :3.