Продолжува доминацијата на “Ноле“

18.10.2015 21:20

Во финалето на Мастерс турнирот во Шангај најдобриот светски рекет го совлада французинот Жо Вилфред Цонга во два сета со 6 :2 и 6 :4 за само 78 минути игра...

Новак Ѓоковиќ продолжува со жетвата трофеи на врвните турнири во најуспешната сезона во кариерата. Во финалето на Мастерс турнирот во Шангај најдобриот светски рекет го совлада французинот Жо Вилфред Цонга во два сета со 6 :2 и 6 :4 за само 78 минути игра. Имаше 18 винер поени, 3 аса и искористи 4 од 13 “брејк“ топки. Српскиот тенисер го подигна 9 –от трофеј годинава, втор едноподруго во Кина по минатонеделниот во Пекинг. По третпат последниве 4 години е најдобар во Шангај и со што дојде до неговиот 25 –ти Мастерс во кариерата и сега има само два помалку зад најдобриот на вечната табела Рафаел Надал кој има 27 Мастерс трофеи.

Неприкосновениот Ѓоковиќ го освои својот 57 АТП трофеј и во фантастичната година во која триумфира на 3 Грен слем турнири, а на еден беше финалист ја продолжи жетвата на трофеи. Задоволен е и Французинот заработи 600 поени со кои се проби на 9 позиција на АТП листата, иако остана на две Мастерс титули во 4 одиграни финалиња.