Чаша вино има исто дејство како еден час вежбање

19.10.2015 17:34

Освен што црното вино е одлично во борбата против деменција и тумори, сега се тврди дека тоа може позитивно да делува и на срцето...

Научници од Универзитетот во Канада открија дека ресвератролот, состојка која се наоѓа во црното вино, има исто дејство на нашиот организам, како еден час вежбање.
 
Лидерот на проектот и тимот кој го објави истражувањето Џејсон Дик, вели дека чаша црно вино ги подобува нашите физички способности и на работата на срцето и на силата на мускулите влијае на ист начин како што би влијаел час вежбање во теретана.
 
Сметам дека ресвератролот може да помогне на луѓето кои сакаат да вежбаат, но физички од одредени причини се неспособни за тоа, појаснува Дик.
 
Освен што црното вино е одлично во борбата против деменција и тумори, сега се тврди дека тоа може позитивно да делува и на срцето, но секако тоа не подразбира негова конзумација во големи количини.