Фејсбук тестира нова наменска Видео страница

19.10.2015 17:37

Новиот видео дел во десктоп страницата ќе биде во одделот „Омилени“ лево од „Њус фидот“, додека во иОС апликацијата Видео икона ќе ја замени Пораки иконата на дното...

Социјалната мрежа Фејсбук најави дека наскоро ќе почне со тестирање на неколку нови функции, меѓу кои најважна е нова наменска видео страница.
 
Новиот видео дел во десктоп страницата ќе биде во одделот „Омилени“ лево од „Њус фидот“, додека во иОС апликацијата Видео икона ќе ја замени Пораки иконата на дното. 
 
Во новиот Видео дел ќе се појавуваат видео записи, видео фајлови на наши пријатели, страници кои ги следиме како и видеа од други издавачи, а најинтересно е тоа што ќе бидат содржани и сите видеа што сме ги зачувале за гледање подоцна.
 
Според Фејсбук новата функција ќе биде тестирана на мал број луѓе на почеток и нема да биде достапна за сите корисници. Освен тоа се тестира и можноста да се гледаат видеа во „лебдечки“ екран, со симултан мултитаскинг на Фејсбук, што звучи како начинот на кој функционира „ЈуТјуб“ за Андроид.