Тејлор Свифт најдобро платена пејачка во светот

19.10.2015 17:39

25-годишната ѕвезда оваа година заработила повеќе од 317 милиони американски долари, благодарејќи на последниот хит албум, светската турнеја и многу други успешни бизниси...

Тејлор Свифт е најдобро платена пејачка во светот во 2015 година со дневна заработувачка од повеќе од еден милион долари, објави британскиот „Дејли Мејл“.
 
Така, 25-годишната ѕвезда оваа година заработила повеќе од 317 милиони американски долари, благодарејќи на последниот хит албум, светската турнеја и многу други успешни бизниси.
 
Свифт пред една година го издаде петтиот студиски албум, кој во меѓу време е продаден во повеќе милиони примероци, а дел од песните се најдоа на првите места на музичките топ листи во повеќе земји во светот.
 
Во најновата светска турнеја, Тејлор одржа 85 концерти, а само на пет од нив биле продадени 149.708 влезници со што заработи 16.8 милиони долари.
 
Паралелно со музичките успеси, таа промовираше и три парфеми во соработка со козметичкиот гигант „Елизабет Арден“ и потпиша договори за рекламни кампање за диеталната „Кока Кола“ и за чевлите „Кедс“.
 
Оваа година Тејлор се најде и на 64 место на листата на „Форбс“ на највлијателни жени. Истото списание предивде дека до 30-иот роденден таа ќе биде милијардерка и дека со текот на времето ќе стане една од најбогатите жени во светот.
 
Свифт и нејзиното момче Келвин Харис истовремено се најдаа и на самиот врв на листата на „Форбс“ на двојки со најголем профит оваа година.