Дамјан Стојановски во првата петорка на шестото АБА коло

20.10.2015 17:04

Во триумфот над Сутјеска со 77-68, Стојановски учествуваше со 15 коша, 4 од 9 за два поена, една тројка од пет шута и четири од шест од линијата за слободни фрлања...

Првата сезонска победа на гостински терен со којашто МЗТ Скопје дојде до половичен ефект во Јадранската лига, го промовираше Дамјан Стојановски во член на најдобрата петорка за шестото коло во регионалното натпреварување.

Во триумфот над Сутјеска со 77-68, Стојановски учествуваше со 15 коша, 4 од 9 за два поена, една тројка од пет шута и четири од шест од линијата за слободни фрлања. Стојановски оствари и осум скока, украде две топки, двапати асистираше и изнуди седум фаули од противничките кошаркари, а со такви бројки беше најкорисен играч на мечот во Никшиќ, но и дел од најдобрата петорка на колото во АБА лигата.

Покрај Стојановски, во неа се и првиот играч на шестата рунда Никола Ивановиќ од Мега Лекс, потоа Иве Иванов од Крка, кошаркарот на Црвена Звезда Гал Мекел и Иван Раденовиќ од Игокеа.