„Нокиа 1100“ најпродаван мобилен телефон на сите времиња

21.10.2015 12:33

Далеку најпродавани модели на сите времиња се оние со брендот „Нокиа“...

Иако пазарот на мобилни телефони во последните неколку години се карактеризира со ривалство на „Самсунг“ и „Ајфон“, далеку најпродавани модели на сите времиња се оние со брендот „Нокиа“.
 
По повод соопштението на Епл дека последниот модер од серијата „Ајфон“ - 6С е продаден во 13 милиони примероци во текот на првиот викенд по пуштањето на светскиот пазар, направена е топ листа на најпродавани мобилни телефони на сите времиња!
 
На листата очекувано, доминираат модели на компанијата „Нокиа“:
 
1. Нокиа 1100 - 250 милиони продадени телефони
 
2. Нокиа 3210 - 160 милиони
 
3. Нокиа 1200/Нокиа 5230/Нокиа 6600/Самсунг Е1100 - по 150 милиони
 
4. Нокиа 2600 - 135 милиони
 
5. Нокиа 1600/Моторола РАЗР В3 - по 130 милиони продадени телефони.