Предолгото користење мобилен телефон го оштетува ’рбетот

22.10.2015 14:38

Според магазинот „Економист“, младите луѓе на возраст од 16 и 24 години поминуват околу четири часа дневно над телефонот, односно со главата навалена нанапред и со наведнати раменици...

Интензивното користење мобилен телефон предизвикува сериозни здравствени проблеми, предупредуваат експерти.

Според магазинот „Економист“, младите луѓе на возраст од 16 и 24 години поминуват околу четири часа дневно над телефонот, односно со главата навалена нанапред и со наведнати раменици.

Таа положба може да предизвика сериозно оштетување на ’рбетот и вратот, предупредува австралискиот киропрактичар, Џејмс Картер.

Според него, овој синдром, наречен „text nеck“, се шири со голема брзина, особено меѓу младите „digital native“.

Оваа лоша, дури погубна навика, напоменува Картер, долгорочно доведува не само до деформација на ’рбетниот столб и вратот, туку и до разни други здравствени пробелми како хормонално нарушување, мигрена и депресија.