НБА

Шампионот со победа, Атланта со пораз

28.10.2015 14:48

Белег особено ефикасната игра во првата четвртина што Воините ја добија со 39-35, по што беа подобри и во следните две за Голденн Стејт само да го ублажи поразот откако со три разлика беше поуспешен само во завршниот пери...

Со три средби почна новата сезона во американската професионална кошаркарска лига. 40 поени на Стефан Кари во стартната победа на актуелниот шампион Голден Стејт во дуелот со Њу Орлеанс за конечни 111- 95.

Белег особено ефикасната игра во првата четвртина што Воините ја добија со 39-35, по што беа подобри и во следните две за Голденн Стејт само да го ублажи поразот откако со три разлика беше поуспешен само во завршниот период.

Многу понеизвеска беше победата на Чикаго во дуелот со Кливленд 97-95. Миротиќ и Роуз со 19 односно 18 поени беа најефикасни кај Булси, додека недоволни за успех се покажаа  25-те поени и 10 скокови на Леброн Џејмс- предводникот на Кливленд.

Минатосезонскиот лидер на истокот, сега без Перо Антиќ, загуби дома од Детроит со 106-94. Шредер со 20 поени беше најефикасен кај Атланта, но на спротивната страна  Колдвел постигна 21, а одличен натпревар одигра Драмонд со фантастични 19 скокови,18 поени и 3 асистенции.