МЗТ на гости кај Крка

30.10.2015 15:59

Скорот е изедначен, но трите врзани порази, два на теренот на противникот, се доволни за аларм во психолошкиот сегмент од подготовката, за вечерашниот меч. Во премиерата во Ново Место, МЗТ победи со 12 поени позитива, но на споменатите следни два меча македонскиот претставник беше прегазен со 23 и 33 негатива...

Аеродромци немале серија од три јадрански победи, не паметат од кога. МЗТ игра во одлична форма во регионот, по неубедливиот старт на четвртата регионална сезона. Но, следниот противник е еден од „незгодните“ за македонскиот шампион. На последните три натпревари, Металците не знаат за победа во вкупно 6 дуели со Крка.

Скорот е изедначен, но трите врзани порази, два на теренот на противникот, се доволни за аларм во психолошкиот сегмент од подготовката, за вечерашниот меч. Во премиерата во Ново Место, МЗТ победи со 12 поени позитива, но на споменатите следни два меча македонскиот претставник беше прегазен со 23 и 33 негатива.

Пипан одлично ја познава оваа екипа, не само затоа што е Словенец и што беше тренер на Крка, туку и затоа што минатата сезона беше тренер во Словенија. Свесен е за промените во словенечката кошарка, за квалитетите на лигата, за начинот на кој што се обработува кошарката во најсеверната АБА земја. Се уште го нема Марко Симоновски поради повреда, но најверојатно ќе се врати Немања Протиќ. Адут плус, словенечката екипа гледа и во Стефан Синовец, кој што ќе игра против „своите“.

Крка игра променливо, но има одличен состав, одлично шутира од дистанца и најчесто на своите мечеви ја контролира скок играта. Тоа се основните сегменти каде што сино-белите ќе треба да се посветат, ако сакаат да скокнат на 4 победи во низа и да останат при врвот на табелата, каде што во моментов се на 7-та позиција со 4/3. Крка е на 10-та позиција со 3/4.

Словенечката авантура на МЗТ Скопје, ќе ја гледам еод 19 часот, на Македонската Телевизија.