Леброн соборува рекорди

03.11.2015 17:27

Со 22 поена на мечот на кој Кливленд со 107-100 славеше на гостувањето кај Филаделфија, Леброн Џејмс со 30 години и 307 денови го мина Коби Брајант на вечната листа на најмлади играчи кои стигнале до 25.000 постигнати поени во најсилната кошаркарска лига во светот...

Четири гостински победи, новиот рекорд на Леброн Џејмс кој стана најмлад играч во историјата на НБА со 25.000 постигнати поени и триумфот на Голден Стејт над Мемфис изразен со 50 поени разлика беа главното обележје на 7-те средби одиграни во американската професионална кошаркарска лига.

Со 22 поена на мечот на кој Кливленд со 107-100 славеше на гостувањето кај Филаделфија, Леброн Џејмс со 30 години и 307 денови го мина Коби Брајант на вечната листа на најмлади играчи кои стигнале до 25.000 постигнати поени во најсилната кошаркарска лига во светот. Харден конечно блесна во првата победа на Хјустон сезонава и со 37 поени го предводеше својот состав до победата над Оклахома со 110-105, а со 30 поени Кари беше најдобар стрелец во убедливата победа на Голден Стејт над Мемфис со 119-69.

На другите средби победи на гости славеа Сан Антонио над Њу Јорк со 94-84, Милвоки во Бруклин со 103-96 и Портланд против Минесота со 106-101. На домашен паркет Лос Анџелес Клиперс предводени од Грифин со 22 поена и 10 скокови го совладаа Феникс со 102-96.