Тенис, Отворено Првенство на Австралија, жени

Ивановиќ ја шокираше Вилијамс !!!

19.01.2014 11:59

Серена Вилијамс е елиминирана од австралискиот Опен во Мелбурн. Нејзините амбиции за нов гренд-слем трофеј коишто изгледаа многу реално пред само неколку дена, згаснаа за миг пред налетот на Ана Ивановиќ. Србинката го продолжи својот втор подем во кариерата со триумф над најдобрата светска тенисерка во осминафиналето на Отвореното Првенство на Австралија. Тоа му даде печат на седмиот ден на турнирот, којшто е веќе точно на половина.

Иако никогаш немаше освоено повеќе од четири гема во еден сет во претходните четири соочувања со Серена Вилијамс, Ана Ивановиќ го одигра најдобриот меч во последните неколку сезони. Не ја обесхрабри ниту загубениот прв сет со 6-4, по кој го крена нивото за повеќе скалила и направи голем пресврт, освојувајќи ги наредните два со по 6-3. Наводно поради проблеми со грбот, Американката беше речиси непрепознатлива на теренот, со многу неизнудени грешки и со малку винери. Можеби навистина како што рече, имала намера и да се предаде, но сето тоа не го намалува успехот на Србинката, којашто на турнирот почна дури како 14-торангирана. И додека Серена останува заглавена на 17 пехари од најголемите турнири, израмнета со Федерер, со еден помалку од Навратилова и од Еверт, а со пет помалку од Граф, на шампионката од Ролан Гарос од 2008 можеби дури и се насмевнува и неочекуван успех на првиот годинашен гренд-слем.

Ивановиќ е во одлична форма е во Мелбурн, а и се отвора патот кон завршницата. Во четвртфиналето ќе се сретне со младата Канаѓанка Ежени Бушар, 30.фаворитка, којашто ја исфрли домашната надеж Кејси Делаква со 6-7, 6-2 и 6-0 по сетови.

Втората двојка во друштвото на осумте најдобри ја формираа двојната финалистка На Ли и Флавиа Пенета. Четврторангираната Кинеска со 6-2 и 6-0 по сетови ја прегази 22.носителка, Русинката Елена Макарова, додека Италијанката, иако дури 28-морангирана, по голема борба славеше над Анжелик Кербер со 6-1, 4-6 и 7-5 по сетови. Германката беше деветта фаворитка.

Во преостанатите четири осминафинални дуели претсојната ноќ ќе играат Азаренка-Стивенс, Радванска-Мугуруза, Шарапова-Цибулкова и Јанковиќ-Халеп.