Карфиолот го забрзува метаболизмот

04.11.2015 10:53

Овој нискокалоричен зеленчук не е богат со јаглехидрати, па затоа е идеална храна за сите оние кои сакаат да ја стегнат половината...

Ако се обидувате да се ослободите од вишокот килограми, време е да го наполните фрижидерот со карфиол.
 
Овој нискокалоричен зеленчук не е богат со јаглехидрати, па затоа е идеална храна за сите оние кои сакаат да ја стегнат половината. Полн е со влакна што го подобруваат варењето, не предизвикува надуеност, но исто така го подобрува варењето на храната.
 
Освен тоа, добар извор е на омега 3 масни киселини кои го зголемуваат имунитетот и ја подобруваат резистенцијата на инсулин. Овие киселини исто така го потпомагаат лачењето на лептинот, хормон кој ја регулира телесната тежина и го забрзува метаболизмот.
 
Во текот на есента овој зеленчук го има во изобилство, па не е проблем снабудувањето. Затоа пронајдете добри рецепти и гледајте како килограмите се топат.