Стресот во бременоста влијае врз натамошниот живот на децата

04.11.2015 11:00

Во истражувањето кое го објави стручното списание „Чајлд девелопмент“, користени се податоци собрани од околу 2.900 испитаници и нивните деца на тинејџерска возраст...

Тинејџерите, чии мајки во текот на бременоста биле изложени на стрес имат поголеми шанси за потешкотии со кориднацијата на движењето, објавија научниците од Универзитетот Нотр Дам во Австралија.

Во истражувањето кое го објави стручното списание „Чајлд девелопмент“, користени се податоци собрани од околу 2.900 испитаници и нивните деца на тинејџерска возраст.

Причините за стрес на кои учесничките во истражувањето биле изложени во бременоста вклучувале финансиски потешкотии, смрт на член од семејството или пријател, како и раскинување или развод.

Изразено негативно влијание забележано е во ситуации кога до стрес доаѓа во подоцнежната фаза на бременоста, клучна за развој на дел од мозокот задолжен за контрола на движењето.