Серијата „Ѕвездени патеки“ се враќа на малите екрани во 2017-та

04.11.2015 13:56

За љубителите на „Ѕвездени патеки“ нема поголем подарок за 50 годишнината од оваа серија, изјави претседателот на Си-Би-Ес, Дејвид Стаф.

Популарната научно-фантастична серија „Ѕвездени патеки“ повторно ќе се врати на малите екрани во 2017 година, објави Си-Би-Ес.

Како што наведува американската телевизиска мрежа, во новите епизоди на „Ѕвездени патеки“ ќе има нови ликови во потрага по нови цивилизации, кои истовремено ќе истражуваат современи драматични теми кои се заштитен знак на оваа серија од нејзиниот почеток во 1966 година.

За љубителите на „Ѕвездени патеки“ нема поголем подарок за 50 годишнината од оваа серија, изјави претседателот на Си-Би-Ес, Дејвид Стаф.

Извршен продуцент на серијата ќе биде Алекс Курцман, кој потпиша и два играни филма под насловот „Ѕвездени патеки“.

Оргиналните „Ѕвездени патеки“ почнаа да се емитуваат во 1966 година со легендарниот Вилијам Шетнер, како капетанот Џејмс Кирк и Леонард Нимој како Спок.

„Ѕвездени патеки“ е една од најуспешните телвизиски франшизи во историјата. Епизодите на „Ѕвездени патеки“ се емитувале и репризирале во 190 земји. Последната сезона од серијата беше снимена во 2005 година.

Во новата сезона улогата на капетанот Крик ќе ја толкува Крис Пајн, а улогата на Спок, Захари Кинто, објавија продуцентите.