Иванов во Кина

Зголемен интересот на Кина за Македонија

21.10.2013 15:49

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов во Пекинг на средба со првиот човек на Кина, генералниот секретар на Комунистичката партија и претседател на најбројната држава во светот Кси Џипинг. Дијалог и интерес од кинеските компании

Пред средбата со најмоќниот човек во Кина, претседателот Кси Џипинг, шефот на државата Ѓорге Иванов по пристигнувањето во Пекинг во рамките на работната посета имаше средби со првите луѓе на три компании кои веќе имаат или договараат милионски проекти во Македонија.

Претставниците на China State Construction инжинеринг, најголемата градежна компанија во Кина, се veke вo Македонија да ги испитаат можните proekti od инфраструктурата, патишта, јавни проекти, проекти на локалните единици. Иванов ги информираше домаќините za moznostite што ги нудат слободните економски зони иу напорите на Владата  за создавање на поволен инвестициски амбиент. Како еден од економките адути на регионот Иванов го претстави  проектот јадранско-јонска магистрала и нејзинотоп поврзување со коридорот 8 и 10.  i.

Првиот човек на Компанијата Sinohydro Corporation која ќе ги гради автопатите од Велес до Штип и од Кичево до Охрид го информираше македонскиот претседател дека ги завршила сите подготовки za потпишување на договорите со Македонија и за да почне реализацијата се чека одобрување од парламентот во Скопје.

 

Пред почетокот на политичките средби со домаќините во Пекинг, Претсдателот Иванов слушна за уште една кинеска инвестција во најава. претставници на Sesai  Petro Chemical се заинтересирани да изградат фабрика  vo слободните економски зони  за производство на пумпи за бензински и електронски авѕтоделови. Дека интересот на кинезите за инвестирање во Македонија расте потврдува и средниот бизниз.

 

Расте и обемот на трговска размена и тоа во двата правца. Веќе не е само македонскиот пазар преплавен со кинески стоки, се повеќе македонски производи доаѓаат овде во Кина.

Престојот на Иванов во Пекинг продолжува со одбележување на двасет годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Скопје и Пекинг а доцна попладне по локално време е средбата со кинескиот претстател Кси Џи Пинг.

Плановите на Големата Кина за нашата Македонија се големи и амбициозни. Тајванската авантура е заборавена приказна, Пекинг пријателски и прагматично гледа кон Скопје. Успешната економска приказна од Истокот продира на запад во срцето на Балканот. Од кинеската метропола,  вообичаено сива и обвиена во смог, Горан Петрески, македонска телевизија.  

Автор: Горан Петрески