Трета година по ред - среќа и благодат за Даниел Дончевски

19.01.2014 13:41

Даниел Дончевски од населбата Маџари...

Вардар благословен како некогаш Jордан . Околу 200 верници влегоа во осветените води.  Најуспешен меѓу нив  беше 24-годишниот Даниел Дончевски од Маџари. 

Студеното време не го премисли да се пријави по шести ти пат. Тој беше најумешен и лани и во 2007-та во Кратово.  Верува дека крстот ќе му донесе здравје и среќа годинава.

Водени од мислата дека на овој ден се соединуваат со Бога, верниците  влегоа во студените води верувајќи дека крстот ќе им донесе здравје и среќа . 

Преку богојавлението ни е дадено се што ни е потребно за спасение, затоа ние кои во Христа се крстевме и во Христа се облековме, должни сме постојано да го прославуваме и да му  благодариме на  Бога за дарот што го добивме,  рече архиепископот г.г. Стефан.

Бреговите на Вардар претесни да ги соберат верниците. И оваа година масовно дојдоа да ја  проследат вековната традиција.

Крштевањето симболизира  духовно раѓање, почеток на човековото живеење во верата.

Со Водици завршуваат некрстените денови. Се празнува два дена. Верувањата се дека  со крштевањето  Исус  Христос ги потопи гревовите на сите луѓе.

Викторија Тодоровска