Сојузот на стопански комори денеска во Маврово ќе биде промовирана бизнис платформа

Промоција на бизнис платформа за прекугранична соработка со Албанија

22.10.2013 13:41

Во организација на Сојузот на стопански комори денеска во Маврово ќе биде промовирана бизнис платформа во рамки на ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Македонија и Албанија

Најавено е обраќање на министерот за локална самоуправа Тахир Хани и на евроамбасадорот Аиво Орав. Обраќање ќе има и претседателот на ССК Златко Калеников, кој со градоначалниците на Тетово, Теута Арифи, на Гостивар, Невзат Бејта, на Боговиње, Хазби Идризи, на Маврово и Ростуше, Мукрем Мехмеди и на Јегуновце, Тони Коцевски, ќе потпишат Меморандум за разбирање.
 
Платформата ja сочинуваат мали и средни претпријатија, општини и други локални организации од полошкиот регион, а целта е унапредување на бизнис-соработката меѓу двете земји со акцент на полошкиот регион во Македонија и регионот на Корча во Албанија.