Кошарка - Јадранска лига, 9.коло

Јадранскиот против македонскиот шампион

09.11.2015 15:59

Mакедонскиот првак лани го намачи белградскиот тим, а пред две години го совлада пред своја публика. Затоа во „Јане Сандански“ евролигашкиот состав треба да биде на ниво за да го совлада МЗТ...

Шампионот во Јадранската лига не може да не биде носител на фаворитската улога кога гостува во Скопје. Но македонскиот првак лани го намачи белградскиот тим, а пред две години го совлада пред своја публика. Затоа во „Јане Сандански“ евролигашкиот состав треба да биде на ниво за да го совлада МЗТ.

Противникот мотивира, а тоа секогаш е значаен адут. „Сино-белите“ загубија на гости кај Крка и ја прекинаа серијата од три победи. Црвена Звезда има подобар биланс во јадранското друштво. Кај нас дојде со желба да го забележи седмиот триумф, а со тоа да се изедначи со водечкиот Будуќност според сосгешниот биланс.

Трите порази по ред на српската екипа во Евролигата создаваат привид за лоша форма затоа што со нив кошаркарите на Радоњиќ имаат три победи и пет порази на последните осум меча во сите конкуренции.

Сепак, и покрај можноста да игра во континентални рамки, целта на црвено-белите е да го одбранат приматот во Јадранската лига. Затоа во Скопје планираат успех, а ќе треба да го остварат без повредените Дангубиќ и Митровиќ.

Пипан му се заблагодари на Синадиновиќ, па освен Симоновски, сите други се максимално подготвени да и парираат на Звезда. Ќе можат ли, ќе видиме во преносот на Првиот канал на Македонската телевизија, од 18 часот.