Врвната сезона заслужи поубав крај

09.11.2015 16:26

Можеби се што ќе се каже денеска ќе звучи како одбрана на Роси и неговиот неспортски потег со кој го исфрли Маркез од патеката што дефинитивно заслужува казна,но дали таква што директно го фаворизираше Лоренцо и ја уништи трката што требаше да биде кулминација на сезоната.

Лоренцо е новиот шампион,Роси е моралниот победник и само втор во генералниот поредок.Ќе остане дилемата:Дали е тоа реалниот расплет во една од највозбудливите сезони во која секоја трка беше приказна за себе и неверојатно доживување за се поголемиот број љубители на мото-спортот?Но, не и последната трка во која изостана директната битка за титулата откако по инцидентот на Сепанг дотогаш лидерот во генералниот пласман Валентино Роси беше казнет со старт од последното место на завршната трка во Валенсија.

Можеби се што ќе се каже денеска ќе звучи како одбрана на Роси и неговиот неспортски потег со кој го исфрли Маркез од патеката што дефинитивно заслужува казна,но дали таква што директно го фаворизираше Лоренцо и ја уништи трката што требаше да биде кулминација на сезоната.

Од последната Роси стигна до 4-тата позиција,но без можност да се впушти во битка со шпанското трио пред него,а на крајот и со многу забелешки на однесувањето на своите конкуренти.

На новиот светски првак му забележа што непотребно и пред се нефер инсистирање на казната на Роси,на Маркез за несфатливото штитење на својот сонародник на патеката и неискажаната намера со својата Хонда да ја мине Јамахата на Лоренцо претворајќи го индивидуалниот спорт во отворен пакт на национална основа и по цена на конкурентноста на Хонда.

Отровни стрели пристигнаа и од другата страна,но ќе остане забележан неславниот крај на сезоната од кој треба да се извлечат поуки.Тимските наредби,несватливите правилници,ограничувања и казни го уништија реномето на формула 1 по што приматот го презеде мото џи- пи шампионатот за со една административна одлука да се поништи желбата на стотиците илјади кои потпишаа петиција за пролонгирање на казната и за фер трка за која покуси останаа и 120.000 на патеката во Валенсија.

Народот вели паметните учат на туѓите,другите на сопствените грешки.