По 8 години Детроит славеше во Портланд

09.11.2015 16:27

По цели 8 години Детроит славеше кај Портланд со 120-103 за петти триумф сезонава. Мечот на денот го обележа фантастичната последна четвртина на Пистонси кои негативата од 13 поени ја претворија во победа во завршните 12 минути што ги добија со 41-11...

40 поени на Џексон и 29 на Драмонд за единствената гостинска победа во најновата понуда на НБА лигата. По цели 8 години Детроит славеше кај Портланд со 120-103 за петти триумф сезонава. Мечот на денот го обележа фантастичната последна четвртина на Пистонси кои негативата од 13 поени ја претворија во победа во завршните 12 минути што ги добија со 41-11.

Одново предводен од Леброн Џејмс кој постигна 29 поени Кливленд ја совлада Индијана со 101-97,а Дурант со 32 поена ја предводеше Оклахома до победа над Феникс со 124-103.

Домашниот терен го искористи и Њу Јорк за победа над Лејкерси со 99-95,а победа дома славеше и Мајами над Торонто со 96-76.