Кошарка - НБА

Голден Стејт незапирлив

10.11.2015 16:00

Голден Стејт ја оствари и осмата победа во исто толку натпревари...

Перфектниот почеток на сезоната на НБА шампионот не го спречи ниту Детроит, па Голден Стејт ја оствари и осмата победа во исто толку натпревари. 109:95 за Вориорс, благодарени на последниот период во којшто Пистонс влегоа со само поен негатива. Кари кој има просек од 35,5 кошеви, постигна само 22, па најдобар стрелец беше Томсон со 24.

До петиот триумф дојдоа и Сан Антони којшто со 24-те поени на Ленард беше подобар од Сакраменто на гости со 106:88 и Клиперс коишто дома го совладаа Мемфис со 94:92. Марк Гасол промаши за продолжение и тоа од линијата за слободни фрлања. Најефикасен на мечот беше гостинскиот кошаркар Рендолф со 26 поени, кај екипата од Лос Анџелес, Грифин со 24.

Неочекувано, Атланта којашто има ефект 7:2 загуби дома од Минесота со 117:107. Прв играч на натпреварот беше Канѓанецот од Тимбервулвс, Вигинс со 33 коша.

Во другите дуели: Индијана - Орландо 97:84, Филаделфија - Чикаго 88:111 и Денвер - Портланд 108:104.