Печеното месо може да го зголеми ризикот од рак на бубрези

11.11.2015 11:49

Новите наоди на научниците од Универзитетот Тексас, укажуваат на потребата за ограничување на траењето на изложеноста на месо на исклучително високи температури или дури и на отворен оган...

Конзумацијата на печено месо на високи температури, на пример на скара, може да го зголеми ризикот од заболување од рак на бубрези за 50 отсто, покажува ново истражување.

Новите наоди на научниците од Универзитетот Тексас, укажуваат на потребата за ограничување на траењето на изложеноста на месо на исклучително високи температури или дури и на отворен оган.

Според истражувачите, подготовките на месо на исклучително високи температури може да доведе до настанување хемиски споеви кои го зголемуваат ризикот од развој на рак.

Ризикот е дополнително зголемен кај лица со одредени генетски предиспозиции, додава стручното списание „Cancer“.

Во новото истражување користени се податоци собрани од околу 650 пациенти со рак на бубрези и околу 700 здрави лица од контролната група.