Ајфон 7 во помала верзија?

11.11.2015 11:50

Компанијата Епл од пуштањето на iPhone 6 во продажба, се сврте кон модели со поголеми екрани, но наскоро во својата понуда може да вклучи нешто помали модели како iPhone 5, изјави аналитичарот на Епл, Минг-чи Куо...

Компанијата Епл наверојатно освен стандардниот iPhone модел во иднина ќе понуди и модел со екран од 4 инчи.

Компанијата Епл од пуштањето на iPhone 6 во продажба, се сврте кон модели со поголеми екрани, но наскоро во својата понуда може да вклучи нешто помали модели како iPhone 5, изјави аналитичарот на Епл, Минг-чи Куо.

Иако продажбата на iPhone смартфоните значително порасна од воведувањето на мобилни телефони со поголеми формати, голем број на корисници и понатаму одбираат помали модели.

Помалата верзија на телефон може да ги има истите функции како iPhone 5c, кој претставуваше евтина верзија на смартфон со нешто постари компоненти.

Компанијата на овие телефони би можела да изземе некои функции како 3Д допир со која е опремен iPhone 6. Куќиштето на новиот смартфон најверојатно ќе биде метално, телефонот ќе изгледа како моделот 5ѕ, а ќе содржи некои дополнителни компоненти како А9 чип.