Кои се најдобрите дестинации за зимско летување?

11.11.2015 11:56

Зеленор’тски Острови, Дубаи, Оман, Мароко... се само дел од дестинациите совршени за летен одмор на зима...

Египет долго време важеше за омилена дестинација за зимски „летувања“. Меѓутоа поради турбулентните политички промени, заканите од терористи и целокупната влошена безбедноста состојба, туристите во поголем број некое време сигурно нема да се вратат во оваа африканска земја. 
 
Зеленор’тски Острови
 
Овој вулкански архипелаг се наоѓа на само еден час летање од Канарските Oстрови и гарантира сончање во декемвриските денови со просечна максимална температура од 26 степени Целзиусови.
 
Дубаи
 
Најраскошниот од Обединетите Арапски Емирати има многу пријатни зимски температури. Во ова време од годината, просечната температура изнесува 26 степени Целзиусови, а сонцето свети осум часа дневно.
 
Оман
 
Мускат е убав град каде можете да уживате во голем број културни содржини, но и на плажите. Просечната температура е дури 27 степени Целзиусови.
 
Гамбија
 
Оваа држава важи за најмала во континеталниот дел на Африка. Во зима температурите достигнуваат 30 степени Целзиусови.
 
Мароко
 
Есауира, град на западниот брег на Мароко има убави плажи и услови идеални за едрење. Просечната температура е 20 степени Целзиусови.
 
Канарски Острови
 
Лансароте е преубав остров со националниот парк Тиманфаја. Тука ќе најдете неверојатни комбинации на вулкански пустелии на северниот и мекоста  на Плаја Блака на јужниот дел. Просечната температура во декември е 22 степени Целзиусови.
 
Мозамбик
 
Португалското колонијално наследство и прекрасните плажи на Индискиот Океан го прават Мозамбик идеална дестинација за „зимско летување“. Вреди да се посети Киримбас архипелагот и убавиот остров Ибо, каде има остатоци од тврдини и цркви на самиот брег. Просечната декемвриска температура е 29 степени Целзиусови.