ПРАВИЛА ЗА ФЕСТИВАЛОТ „СКОПЈЕ 2015“

28.10.2015 16:26

                                                                                      

 

МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА

ФЕСТИВАЛ ЗА ЗАБАВНИ МЕЛОДИИ

СКОПЈЕ 2015”

ПРАВИЛА

ЗА ФЕСТИВАЛОТ СКОПЈЕ 2015

Скопје,   октомври 2015

 

 

СОДРЖИНА:

УЧЕСТВО И ЦЕЛ

1.   НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ

 

2.   ОДРЕДБИ ЗА УЧЕСТВО

 

3.   ДРУГИ ОДРЕДБИ ЗА УЧЕСТВО

 

4.   ПРАВА НА РАДИОДИФУЗЕРОТ - НОСИТЕЛ НА ЛИЦЕНЦАТА

 

5.   ОБВРСКИ НА РАДИОДИФУЗЕРОТ - НОСИТЕЛ НА ЛИЦЕНЦАТА

 

6.   ПРАВИЛА И НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ

 

7.   ЕТИЧКИ НОРМИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ И АВТОРСКИТЕ ПРАВА

 

               УЧЕСТВО И ЦЕЛ

 

          Целта на одржување на Фестивалот “СКОПЈЕ 2015 е промовирање и  афирмација на популарната музика, како и на нови авторски и интерпретаторски имиња.

 

  1. НАДЛЕЖНИ ОРГАНИ И ТЕЛА НА ФЕСТИВАЛОТ СКОПЈЕ 2015

 

          Уметничкиот Совет на Фестивалот “СКОПЈЕ 2015 (во понатамошниот текст нарачател/организатор) – го избира Директорот  на МРТ, а во неговиот состав се:

 

-       Уметнички Директор на фестивaлот СКОПЈЕ 2015

-       Главен координатор – Културно Уметничка програма на Македонската телевизија

-       Главен координатор – Музичка продукција

 

Член 1

 

Со овие правила се уредува постапката за избор на композиициите кои ќе бидат избрани по пат на јавен конкурс, но доколку на конкурсот не пристигнат доволен број на композиции или доволен број на квалитетни композиции, МРТ го задржува правото на нарачка на композиции од веќе проверени автори и изведувачи.

Изборот ќе се врши на транспарентен начин со формирање на стручна  Комисија за преслушување и избирање на композиции пристигнати на конкурсот.

Секоја композиција ќе биде преслушана и одобрена од Советот на фестивалот), а истиот ќе избере не повеќе од 18 нови композиции. За секоја избрана композиција МРТ ќе исплати 60.000 денари за комплетниот авторско - изведувачки тим во сооднос 25:25:25:25 проценти (музика/текст/аранжман/изведувач).

Еден автор има право на учество на Фестивалот во најмногу два авторско-изведувачки  тима, односно во две композиции.

Композицијата ја пријавува еден од авторите (носител на авторско-изведувачки тим) или изведувачот, со претходно обезбедена писмена согласност од сите останати автори на музика , текст  и аранжман.

 

Член 2

Фестивалот “СКОПЈЕ 2015 – се одржува во организација на Јавното радиодифузно претпријатие  Македонската Радио Телевизија – во понатамошниот текст МРТ.

Фестивалот “СКОПЈЕ 2015 ќе се одржи во една фестивалска вечер, на која ќе бидат изведени не повеќе од 18 нови композиции во живо што ќе бидат изведени со Големиот ревиски оркестар на МРТ, проследени низ директен ТВ пренос на 12.11.2015 година, во Метрополис Арената во Скопје.

      Фестивалот СКОПЈЕ 2015 ќе биде со натпреварувачки карактер, а победничката композиција - победникот ќе се добие по пат на  гласање - телевоутинг и стручно жири.

      Вкупниот број на гласови од телевоутингот и стручното жири, а со тоа и крајниот редослед на композициите ќе се реализира според Евровизискиот модел на гласање, во сооднос 50-50.  

     

Во случај на промена на програмската шема, МРТ го задржува правото на промена на програмата и термините за емитување на Фестивалот од горната ставка.

Член 3

На Фестивалот СКОПЈЕ 2015, ќе се доделат 4 награди и тоа:

-       Награда за животно дело во висина од 90.000,00 денари, која  ќе му се додели на македонски автор – композитор за долгогодишна успешна работа на Скопскиот фестивал, по одлука на Директорот на МРТ.

-       Награда за победничка композиција на Фестивалот СКОПЈЕ 2015 во висина од 600.000,00 денари – која ќе се добие по пат на телевоутинг и стручно жири. Наградата  ќе му припадне на комплетниот авторско-изведувачки тим на композицијата, односно на авторите на музика, текст, аранжман и изведувач во сооднос по 25 % за секој одделно.

-       Награда за второпласирана композиција Фестивалот СКОПЈЕ 2015 во висина од 450.000,00 денари – која ќе се добие по пат на телевоутинг и стручно жири. Наградата  ќе му припадне на комплетниот авторско-изведувачки тим на композицијата, односно на авторите на музика, текст, аранжман и изведувач во сооднос по 25 % за секој одделно.

-       Награда за третопласирана композиција Фестивалот СКОПЈЕ 2015 во висина од 300.000,00 денари – која ќе се добие по пат на телевоутинг и стручно жири. Наградата  ќе му припадне на комплетниот авторско-изведувачки тим на композицијата, односно на авторите на музика, текст, аранжман и изведувач во сооднос по 25 % за секој одделно.

 

  • Во зависност од финансиските можности, на Фестивалот СКОПЈЕ 2015 ќе се доделат и други награди.

 

  1. ОДРЕДБИ ЗА УЧЕСТВО

 

КОНКУРС ЗА ИЗБОР НА МУЗИЧКИ КОМПОЗИЦИИ ЗА ФЕСТИВАЛОТ „СКОПЈЕ 2015

 

Член 4

Македонската Радио Телевизија, распишува конкурс за избор на оригинални необјавени современи авторски композиции, забавни мелодии  кои ќе бидат изведени во придружба на Ревискиот оркестар на МРТ, на Фестивалот  “Скопје 2015”, кој ќе се одржи во ноември 2015 година.

 Конкурсот трае од 18 – ти август,   до 15 – ти септември 2015 година.

Кон уредно пополнетата пријава за секоја композиција, неопходно е да се достават и изјави за согласност за учество на фестивалот, и тоа поединечно за секој од членовите на авторско - изведувачкиот тим .

Бланко примероци од овие изјави, може да се преземат на: www.mrt.com.mk/prijava SK2015.

Потребно е да се приложи демо снимка на аудио ЦД или во WAV формат.

Демо снимката со максимално времетраење до  4 минути треба да е квалитетно изработена, со разбирлива  вокална линија и хармонија.

Потребно е да се приложи отпечатен текст во три примероци.

Текстот треба да биде на македонски јазик.

Фестивалот на забавни мелодии Скопје 2015, го задржува правото на интервенции во мелодијата, хармонијата и текстот, доколку стручниот одбор на фестивалот одлучи дека е потребно. 

Фестивалот на забавни мелодии Скопје 2015, го задржува правото на избор и промена на аранжер и изведувач за секоја од композициите, а во согласност со авторско-изведувачкиот тим.

Македонската Радио Телевизија го задржува правото на прво јавно изведување, пренесување на право на аранжирање, снимање, издавање, радиодифузно емитување и реемитување на композициите кои ќе бидат изведени на фестивалот.

Право на учество на конкурсот, имаат сите државјани на Република Македонија, како и автори и изведувачи вон Република Македонија - со напомена дека  текстовите на композициите мораат да бидат на македонски јазик.

На Фестивалот на забавни мелодии Скопје 2015, композициите ќе се изведуваат на македонски јазик.

Секоја композиција која што ќе биде избрана на овој конкурс, ќе добие финансиски  надомест  од по 60.000,00 денари, наменети за комплетниот авторско - изведувачки тим.

Фестивалот Скопје 2015 ќе биде со натпреварувачки карактер. Победничката композиција ќе биде наградена со сума од 600.000,00 денари, второпласираната композиција со награда од 450.000,00 денари и третопласираната со сума од 300.000,00 денари.

Средствата за надомест на композициите, како и паричните награди за трите првопласирани композиции, ќе бидат распределени по принципот: 25% за секој од членовите на авторско - изведувачкиот тим                          ( музика/текст/аранжман/изведувач).

Пријавата со демо снимката на ЦД, во затворен коверт се испраќа по пошта на адреса: МУЗИЧКА ПРОДУКЦИЈА НА МРТ  со назнака ЗА ФЕСТИВАЛОТ СКОПЈЕ 2015.

Бул: Гоце Делчев бр.18, 1000 Скопје, Република Македонија, или се доставува во архивата на ЈП МРТ.

МРТ го задржува правото на нарачки на композиции.

Материјалите кои што нема да бидат избрани на овој конкурс, МРТ нема обврска да ги враќа на авторите.   

 

3.ДРУГИ ОДРЕДБИ ЗА УЧЕСТВО

 

Член 4

Задолжително е строго почитување на рокот за доставување на композициите.

Советот на фестивалот го задржува правото на избор на аранжери и изведувачи на примените композиции.

Советот на фестивалот има право да предлага промена на еден или повеќе од авторите  (доколку стручниот тим на фестивалот смета дека некој од нив не  е доволно компетентен да учествува во тимот), со цел да го зачува квалитетот на фестивалската програма.

Фестивалот го задржува правото на измени во текстот или мелодијата, а во согласност со авторско-изведувачкиот тим.

Во случај на виша сила, во договорот со авторскиот тим, Советот на фестивалот има право да го смени изведувачот и по започнувањето на постапката на фестивалот.

Изведувачите – учесниците на фестивалот СКОПЈЕ 2015  на денот на учеството на фестивалот не смеат да бидат помлади од 16 години.

Изведувачите на избраните композиции не подлежат на обврската задолжително да се државјани на Република Македонија.

Со дополнителна одлука, МРТ има право од  фестивалот „СКОПЈЕ 2015“ да избере композиција и интерпретатор којшто би го претставувале Националниот Радиодифузер и Македонија на Изборот за Песна на Евровизија 2016.

 

Член 5

Авторите и изведувачите на композициите кои ќе бидат одбрани за учество на фестивалот “СКОПЈЕ 2015, мораат да ги исполнат следните услови:

  1. Композицијата и нејзината изведба треба да бидат во духот на современо мелодиско- ритмично и хармонско авторско дело и при тоа не смее да пропагира било каква форма на дискриминација, не смее да ги навредува честа, угледот, националната, верската, расната и полната припадност на било која личност при тоа особено имајќи ги предвид дигнитетот и на МРТ и на граѓаните на Македонија. По оваа точка, надлежноста ја има стручната комисија за избор на композициите по основ на конкурсот.
  2. Сите автори и изведувачи се обврзуваат да учествуваат на сите проби согласно планот за работа на МРТ. Распоредот и тајмингот за пробите ќе биде навремено доставен до сите учесници и строго ќе се почитува. За непочитување на оваа одредба,  за неоправдано отсуство следуваат санкции, односно одстранување на изведувачот од фестивалот за отсуство од две проби.
  3. Да се достави план за сценскиот настап најдоцна до 1-ви ноември 2015 година односно приближни позиции на изведувачите, притоа да се предвиди и максималниот број на изведувачи – максимум 6 изведувачи на сцена.

За сите евентуално специфични елементи во сопственото шоу, авторско-изведувачкиот тим ќе треба благовремено да го извести организаторот, кој ќе настојува да им излезе во пресрет според своите можности и критериуми.

Комплетниот авторско - изведувачки тим, е обврзан да потпише договор со МРТ за изведување, снимање и издавање на композицијата во склоп на фестивалот.

Авторите се обврзуваат да се придржуваат кон барањата на МРТ и да ги направат потребните измени односно доработка на музиката, текстот или аранжманот, ако тоа го оцени за потребно советот на фестивалот, заради постигнување на подобар квалитет на композицијата и на изведбата.

Извлекувањето на редоследот за настапот на фестивалот “СКОПЈЕ 2015ќе биде јавно со учество на претставници од сите авторско – изведувачки тимови на фестивалот.

 

4.ПРАВА НА РАДИОДИФУЗЕРОТ –  МРТ

Член 6

Изведувачите и авторите и го отстапуваат на МРТ правото на прво јавно телевизиско и радио емитување на композициите.

Во случај на прекршување на оваа одредба, емитуваната композиција ќе биде дисфалификувана, за што одговорноста ќе ја понесе авторско-изведувачкиот тим и ќе и исплати на МРТ казна од 120.000,00 денари за прекршување на договорот.

Член 7

Учесниците на фестивалот “СКОПЈЕ 2015, авторите на музика, текст и аранжман, изведувачите и др. (во понатамошниот текст: ДЕЛО) должни се да ги пренесат следните права на МРТ:

  1. Право на прво јавно изведување на делото во целост на фестивалот „СКОПЈЕ 2015.
  2. Исклучиво право на директен пренос и снимање на изведбата на делото во склоп на фестивалот или посебно (аудио и видео) во сопствено производство или копродукција со трети лица со сите познати технички постапки или оние кои ќе се развијат во иднина, неограничено право на емитување на делото во рамките на фестивалот или посебно за други на делото во рамките на фестивалот или посебно за други свои потреби, за сите свои ТВ и Радио програми преку земска, сателитска или кабелска телевизија,  интернет, мобилна телефонија и др. во кој било технички стандард (аналоген, дигитален, ХД).
  3. Неограничено право на користење на снимката од изведбата на делото на самиот фестивал (аудио и видео) со нелинеарен состав –on demand (на барање) преку познати технички постапки или оние кои ќе се развијат во иднина преку земск, сателитска или кабелска телевизија, интернет, мобилна телефонија, мобилни приемници за прием и емитување на кој било вид на опрема (тв приемник, големи екрани, компјутерски програм, мобилни телефони, ринг тонови и др.) на кој било технички стандард (аналоген, дигитален, ХД) вклучувајчи и интерактивен состав.
  4. Исклучиво право на издавање и реиздавање (нов тираж) на делото во склоп на фестивалот или компилацијата, во сопствено производство или во копродукција со други изведувачи на носачи на звук и слика (аудио касети, видео касети, ЦД-а, ДВД-а и др.), право на печатење на делото во графичка форма.
  5. Исклучиво право на продажба на делото, односно на програмата (емисии) која ја содржи делото на РТВ организации или на трети лица во земјата и странство и право на размена на таквите програми со РТВ организации во  земјата и странство.
  6. Право на користење на инсерти од изведбата на делото на фестивалот во други аудиовизуелни дела и во ТВ и радио програми.
  7. Право на преведување на делото преку тонска обработка или титлување на странски јазици.
  8. Право на користење на делото во спонзорирани програми.
  9. Неограничено право на емитување и комерцијално користење на ТВ снимките со делото, неограничено право на користење на снимката од фестивалскката вечер, како и доработка на таа снимка за потребите на МРТ.
  10. Исклучиво право на користење, репродукција, печатење и објавување на имиња, слики, глас, биографија и фотографии изработени за промоција на делото во врска со фестивалот “СКОПЈЕ 2015.
  11. Право на користење на делото за ринг-тонови, реални тонови, полифони мелодии, wall paper и Mp3 download на мобилни телефони.
  12. Сите авторски права остануваат на авторите.
  13. Доколку авторите/изведувачите посакаат во иднина, нивната композиција од Скопскиот фестивал 2015 да биде преведена на друг јазик или ставена на друг носач на звук, потребно е да се склучи анекс кон договорот со МРТ, со кој ќе бидат регулирани другите права.

5.ОБВРСКИ НА РАДИОДИФУЗЕРОТ – МРТ

Член 8

1.    МРТ се обврзува да ги обезбеди сите технички услови за одржување на  фестивалот “СКОПЈЕ 2015.

2.    МРТ се обврзува да обезбеди студио за снимање, миксање и мастеринг на композициите коишто ќе бидат избрани за учество во фестивалот “СКОПЈЕ 2015, кадешто ќе бидат снимени сите композиции со музички продуцент и технички персонал што ќе го одреди МРТ.

3.    МРТ како организатор на овој фестивал се обврзува да приреди телевизиско шоу, низ директен телевизиски пренос на Првиот програмски сервис на МТВ, на Сателитскиот канал на МТВ и на програмите на МРА, со крајна цел фестивалот да биде транспарентен и максимално да ги афирмира учесниците на фестивалот.

4.    МРТ има обврска да обезбеди оркестар за фестивалот, придружни вокали, како и услови за изведба на композициите во живо.

5.    МРТ се обврзува дека ќе обезбеди квалитетна телевоутинг платформа за гласање на која ќе пристигнуваат повиците/СМС пораките од сите жители на Р.Македонија, и тоа од еден телефонски број -  право на давање на само еден глас/еден повик/СМС.

6.    МРТ се обврзува да ангажира членови на стручно жири, чиишто имиња и целокупната нивна организација ќе бидат држани во тајност се до почетокот на директниот ТВ пренос. Членовите на стручното жири ќе потпишат изјава со којашто ќе потврдат непостоење на било каква поврзаност со било кој член од авторско-изведувачки тимови, учесници на фестивалската вечер.

7.     Ангажманот на стручното жири ќе биде регулирано со посебна одлука на МРТ.

8.    МРТ се обврзува да ги обезбеди сите неопходни услови за презентација на секоја композиција, вклучувајќи ги сите придружни елементи што изведувачот (тимот) ќе ги побара, а со одобрување од страна Советот на фестивалот: соодветен простор за танчерска група што ќе ги определи авторско-изведувачкиот тим или евентуални дополнителни придружни вокали кои исто така би ги ангажирал  авторско-изведувачкиот  тим, како и простор за различни, специфични инструменти, за коишто авторите сметаат дека ќе го комплетираат нивниот настап со претходно навремено информирање и договор со  организаторот на фестивалот за истите.

9.     Сите учесници на фестивалот “СКОПЈЕ 2015  ќе треба да го имаат во предвид просторот што ќе биде обезбеден за сценското претставување на нивната творба и да го димензионираат настапот според дадениот простор.

10.  Во случај на непредвидена ситуација или техничка грешка на радиодифузерот, кои би влијаеле врз квалитетно презентирање на некоја композиција, на барање на авторскиот тим до Уметничкиот Директорот на фестивалот, организаторот треба да овозможи повторна изведба, веднаш или по пауза што ќе биде потребна за отстранување на техничкиот проблем.

11.  МРТ има обврска во договор со авторско-изведувачки тим да провери дали изведбата на секоја композиција е во рамките на пропишаното времетраење (не подолго од 4.00 минути).

12.  МРТ нема обврска финансиски да учествува во кореографијата на учесниците на фестивалот.

13.  МРТ не учествува во трошоците за гардероба на учесниците на фестивалот “СКОПЈЕ 2015 .

14.  По завршената селекција Советот на фестивалот има обврска да ги запознае учесниците  со правилата за учество на оваа манифестација, а тие, со своерачен потпис треба да потврдат дека се запознати и ги разбираат истите. Во случај поединец или авторско-изведувачкиот тим, одбран во финалниот избор да не се согласи со одредбите напишани во Правилата за учество, се смета дека се откажал од учеството на фестивалот“СКОПЈЕ 2015 . Рок на потпишување на согласност за учество е 48 часа.

15.  МРТ се обврзува транспарентно да ги информира печатените и електронските медиуми за сите сегменти од овој проект, со исклучок на оние кои навлегуваат во деловните тајни на куќата.

16.  МРТ се обврзува да ги соопшти насловите на избраните композиции, со соопштение до јавноста, печатените и електронски медиуми во Македонија.

Согласно финансиските можности, МРТ ќе учествува во дизајнирање и изработка на пропагандни материјали за промотивната кампања на фестивалот“СКОПЈЕ 2015 .

6.ПРАВИЛА И НАЧИН НА ГЛАСАЊЕ

Член 9

Победникот и конечниот пласман на секоја композиција и интерпретатор на фестивалот „ Скопје 2015  “ ќе биде одреден со гласовите  добиени според телевоутингот и поените од гласањето на стручното жири, во однос 50 : 50 %  според евровизискиот принцип на гласање, при што: првопласираниот интерпретатор и композиција , според вкупниот број на поени од телвоутингот и стручното жири добива 12, следанта 10, потоа 8,7,6,5,...се до композицијата којашто добива 1 поен. Во случај на подеднаков број  вкупни поени за две или повеќе композиции, предност ќе има мислењето на стручно жири со што се одредува и конечмиот пласман на сите композиции.

 

6.1 ТЕЛЕВОУТИНГ ГЛАСАЊЕ

Член 10

МРТ се обврзува дека ќе обезбеди квалитетна телевоутинг платформа за гласање на која ќе пристигнуваат СМС пораките од сите жители на Р.Македонија, и тоа од еден телефонски бро ј- право на давање на само еден глас, односно една СМС порака.

Композицијата со најголем број гласови добиени според телевоутингот добива 12 поени, следната 10, потоа 8,7,6...се до композицијата којашто според бројот на гласовите од телевоутингот  добива 1 поен. Вака добиените поени потоа се додаваат на гласовите од стручното жири во однос 50: 50, со што според евровизискиот принцип на гласање се одредува и конечниот пласман на композициите и изведувачите од фестивалската вечер.

6.2 ГЛАСАЊЕ НА ЖИРИ

Член 11

МРТ ќе одбере  стручно жири коишто ќе ги дадат своите гласови на Фестивалот СКОПЈЕ 2015, кој ќе се одржи на 12 ноември 2015. Нивните гласови, во комбинација со телевоутинг и во сооднос 50%-50%, ќе го одлучат конечниот пласман на сите композиции.

Стручното жири  ќе биде составено од еминентни имиња од областа на музиката и културата: професионален изведувач, композитор, музички продуцент, радио диџеј, или професионален музички новинар,мешавина од машки и женски членови, на возраст од 16-55 години, кои го познаваат вкусот на популарната музика .

Сите  членови од стручното жири навремено ќе ги добијат аудио снимките од сите 18 композиции  за интерно преслушување, а своите гласови ќе ги депонираат  врз основ на  генералната проба којашто ќе се одржи на 11- ти ноември и која ќе изгледа исто како и директниот пренос на 12-ти ноември. Секој член од жирито , својата конечна одлука и поените, треба да ги депонира најдоцна до 15:00 часот на 12-ти ноември.

Секој член од стручното жири ќе ги оценува сите композиции според Евровизискиот модел: 1 поен за композицијата - прворангирана која што најмногу му се допаѓа, 2 поени за втората најдобра, 3,4....се до 20 поени за композицијата којашто најмалку му се допаѓа.

Сите гласови ЗБИРНО СОБРАНИ од стручното жири се претвораат во конечни поени и тоа: 12 поени (најмногу поени) добива композицијата којашто има најмалку собрани поени (од 1 – 18), 10 поени за второпласираната, 8 поени за третопласираната, потоа 7,6,5,4,3,2 и 1 поен за композицијата кој што обезбедува поени од мислењето на стручното жири. Во случај на подеднаков број  вкупни поени за две или повеќе композиции, ќе има предност оценката на најмладиот член од стручното жири .

МРТ има обврска јавно да ги соопшти имињата и куси биографии на сите членови на стручното жири , кои ќе учествуваат во гласањето, како и јавно соопштување на конечниот пласман на композициите според мислењето на стручното жири.

Секој член од стручното жири ќе потпише изјава, со којашто ќе потврди дека нема било каква поврзаност, со било кој интерпретатор или член на авторско-изведувачкиот тим. Истовремено, ќе потврди дека сите информации поврзани со Скопскиот фестивал и резултатите од гласањето ќе бидат држани во тајност.

Другите 50 % ќе се добијат по пат на телевоутинг во текот на директниот ТВ и радио пренос на 12-ти ноември со почеток од 20:30 часот.

 

7.ЕТИЧКИ НОРМИ ЗА УЧЕСНИЦИТЕ И АВТОРСКИТЕ ТИМОВИ

Член 12

Сите страни инволвирани во фестивалот “СКОПЈЕ 2015  треба да сторат се што е во нивна моќ за да креираат тимска атмосфера и чувство за заедничка цел во контекст на точка 1 од Правилата за учество.

Сите форми на контакт меѓу инволвираните страни, вклучени во проектот треба да имаат фер карактеристики, без настојувања по секоја цена да се потенцираат евентуалните недостатоци на самиот проект или на настапот на некој од учесниците.

Секоја евентуална забелешка или предлог за подобрување на овој проект е добредојдена и може да биде упатена директно до Советот на фестивалот “СКОПЈЕ 2015.

МРТ  во секој момент ќе биде подготвена, согласно со позитивната законска регулатива да ја санкционира секоја тенденција за нарушување на интегритетот на проектот “ СКОПЈЕ 2015 .

Член 13

Со земањето учество на фестивалот “СКОПЈЕ 2015, авторите и изведувачите во целост го прифаќаат овој Правилник.

(МРТ ќе направи соодветни договори со носителите на авторско- изведувачкиот тим во согласност со овие правила,

 

 

 

                              ЈРП МАКЕДОНСКА РАДИО ТЕЛЕВИЗИЈА