Доделени 13-то ноемвриските признанија

12.11.2015 16:44

70 годишниот јубилеј на Сојузот на спортови на Скопје традиционалчно беше повод за доделувањето на 13-то ноемвриските награди и признанија на заслужни спортисти и спортски работници кои оставиле белег на годината што изминува,но и во децениите наназад...

Денот на ослободувањето на главниот град надополнет и со 70 годишниот јубилеј на Сојузот на спортови на Скопје традиционалчно беше повод за доделувањето на 13-то ноемвриските награди и признанија на заслужни спортисти и спортски работници кои оставиле белег на годината што изминува,но и во децениите наназад.

Во категоријата тренери за млади спортисти, признанија добија Мирко Ристевски и Ангел Наумовски,како и професорите по физичко образование Раде Илиевски и Горки Кондовски,а во категоријата тренери Мирче Јанушевски од карате клубот Металург и Раул Гонзалес-стратегот на ракометниот клуб Вардар кој го понесе признанието за најдобра екипа.

Носителите на медали од европски и светски првенства каратистите Мартин Несторовски и Дејан Недев,како и светскиот првак во кик-бокс Ненад Манојловски се најуспешни спортисти,а Димче Јанковски,Павле Павлов и Дејан Митровски се најуспешните спортски работници.

Во категоријата спортски работник за животно дело признанија им беа врачени на планинарот Вортик Стефан Кналијан,на одбојкарскиот работникТрифун Труфуновски и на Војо Настевски-од боксерската федерација и еден од најзаслужните за опстојувањето на традиционалниот Златен Гонг.

За спортски работник –општественик специјално признание му беше врачено на претседателот на македонскиот олимписки комитет-Васил Тупурковски кој не го криеше задоволството што конечно по низа меѓународни добива и домашно признание и тоа од институција со долга 7-децениска успешна работа.