Десетта победа за Голден Стејт

13.11.2015 17:11

Максималната десетта победа ја забележа на гости кај Минесота со 129-116, повторно со исклучителен ефект на Стивен Кари кој постигна 46 кошеви, во натпреварувачката 2015-та/16-та, третпат повеќе од 40...

Голден Стејт шампионски влезе во новата сезона во Ен-Бе-А лигата. Максималната десетта победа ја забележа на гости кај Минесота со 129-116, повторно со исклучителен ефект на Стивен Кари кој постигна 46 кошеви, во натпреварувачката 2015-та/16-та, третпат повеќе од 40. Со осум тројки од 13 обиди, а вкупен шут 15 од 25, Кари ги предводеше „Вориорс“ до рекордна победничка серија од почетокот на сезоната во клупската историја. Со оглед на формата на актуелниот првак, на дофат се рекордите на Вашингтон од 1948-та и на Хјустон од 1993-та. Двете екипи победија на 15 натпревари пред да го забележат првиот пораз во кампањата. За разлика од ноќешниот противник, Минесота е во лоша низа, па досега ги загуби сите четири меча на домашен паркет.

На другите средби од бројно скромната понуда во профи-кошаркарската конкуренција, Мајами пред своја публика ја совлада Јута со 92-91за трето место на истокот, а Феникс се израдува на четвртиот триумф откако беше подобар од „Клиперс“ со 114-104. Феникс има половичен биланс и е шести во западната конференција, две места подолу од тимот од Лос Анџелес.