Фудбал – пријателски дуел Македонија - Либан

Без потценување и против соседот на ФИФА листата

16.11.2015 15:18

Освен Ибраими кој на барање на Марибор ќе го пропушти дуелот со Либан, стартниот состав во однос на дуелот со Црна Гора нема да се менува...

Еден позитивен резултат може да охрабри, но не значи дека кризата преку ноќ заврши. По убедливата победа и добрата игра против Црна Гора, отимизмот во македонската фудбалска репрезентација е присутен, но исто така и свеста дека опуштање не смее да има ниту на контролниот дуел со Либан. Противникот е веднаш зад нас на ФИФА листата, се наоѓа во натпреварувачки ритам затоашто веќе игра мундијалски квалификации и во конкуренцијата од 30 фудбалери има 12 кои настапуваат во Европа.

Освен Ибраими кој на барање на Марибор ќе го пропушти дуелот со Либан, стартниот состав во однос на дуелот со Црна Гора нема да се менува. Шанса од клупата ќе чекаат и четворица фудбалери кои играа на дуелот на младите селекции на Македонија и на Франција, Барди, Зајков, Ангелов и Англеовски. Иако беа планирани, поради повреди Дарко Велковски, Радески и Бабунски сепак нема да и се приклучат на сениорската репрезентација.

Ветувајќи дека ќе играат максимално на секој натпревар, нашите фудбалери посакуваат да не се повтори сликата од празните трибини на мечот со Црна Гора.

Пријателскиот дуел, Македонија - Либан на Националната Арена во Скопје утре ќе почне во 13 часот со пренос на МРТ1.