Блиску, а сепак далеку

16.11.2015 15:53

Барселона го имаше човекот на натпреварот, тунижанецот Жалуз кој на 6 претходни натпревари постигна 10, против Вардар забележа 12 голови, а само во првите 14 минути имаше 6 од 6 против еден од најдобрите голмани во Лигата на шампионите, Арпад Штербик...

Само на чекор, а сепак далеку. Како никогаш досега Вардар беше блиску да ја прекине фантастичната серија на актуелниот европски шампион Барселона од 30 елитни натпревари без пораз во Блауграна, но детаљите кои често знаат да бидат решавачки во дуелите на два големи тима одново беа на страната на поискусниот .

Барселона го имаше човекот на натпреварот, тунижанецот Жалуз кој на 6 претходни натпревари постигна 10, против Вардар забележа 12 голови, а само во првите 14 минути имаше 6 од 6 против еден од најдобрите голмани во Лигата на шампионите, Арпад Штербик.

Горбок беше одговорот во второто полувреме во кое Вардар постојано беше блиску, па дуру и поведе, но немаше барем уште еден ракометар што ќе повлече во решавачките моменти.

Точно дека македонскиот шампион неможеше да смета на експертот во одбраната Абутовиќ, но тим со високи амбиции мора да има алтернативи и ако неможе да ја диктира тогаш треба да се пролагоди и да одговори на играта на противникот особено во фазата на трансвормација во одбрана и во мементите кои можеби беа решавачки во играта со играч повеќе.

Но тоа се само детаљи, во спортот како и во животот голем не се станува преку ноќ. Не  актуелниот момент, разликата меѓу Барселона и Вардар се 8-те шампионски титули и четирите финалиња во последните 12 години или со еден збор искуството во големите натпревари.

Веројатно паралела може да се повлече  и со настапот на ракометарките на Македонскиот шампион против Ѓер, а она што е најзначајно е дека ништо не е изгубено.

Токму низ вакви натпревари се станува голем, само ако се извлечат поуките, а шансата за реванш е секогаш тука, за вардарци веќе следната недела во спортскиот центар Јане Сандански.

Во сенка на минималните порази на двата наши најмоќни клуба минаа меѓународните настапи на нашите други екипи. Само јуниорките на Вардар успешно минаа низ натпреварите со Лондон, додека низ настапите на  ракометарките на Пелистер и Металург како и на Струмица во Сеха лигата се покажаа дека за повисоки дострели е потребно многу повеќе и од играчки и од организациску аспект.