Хјустон губи, два пораза на Оклахома

17.11.2015 18:08

Незадоволна може да биде и Оклахома која без повредениот Кевин Дурант загуби двапати по ред. Сега од Мемфис на туѓ терен со 122-114 и покрај извонредниот ефект на Расел Вестбрук кој изброја 40 поени, 14 асистенции и четири скока...

Во НБА лигата Хјустон влезе во лоша серија, па загуби четвртипат едноподруго. Ноќеска од Бостон со 111-95 и тоа на домашен паркет. Томас со 23 коша даде најголем придонес за шестата победа во десеттиот настап на Бостон сезонава. Хјустон се повеќе тоне и со четири триумфи и седум порази е 12-ти на западот.

Незадоволна може да биде и Оклахома која без повредениот Кевин Дурант загуби двапати по ред. Сега од Мемфис на туѓ терен со 122-114 и покрај извонредниот ефект на Расел Вестбрук кој изброја 40 поени, 14 асистенции и четири скока.

Осумте загубени топки не се во негова полза, како и фактот што повторно не успеа да го надопоплни отсуството на Дурент и да спречи петти порази во 11-от сезонски меч. Кон врвот на западната конференција граби Феникс кој ја совлада Филаделфија со 92-86, Чикаго се радуваше против Индијана со 96-95 и е втор на истокот зад Кливленд. Феникс беше пуспешен од Лејкерс со 120-101, а Сан Антонио од Портланд со 93-80.