Уште две места за ЕУРО 2016

17.11.2015 18:11

Претстојниот шампионат во Франција ќе ја добие конечната физиономија по вечерашните реванши од дополнителните квалификации...

И покрај тоа што УЕФА реши на европските првенства да играат 24 наместо 16 репрезентации, со драстично променливи игри и резултати коишто се карактеристика на недоволен квалитет, ние не можеме да стигнеме до баражите. Шансата ја користат други. Претстојниот шампионат во Франција ќе ја добие конечната физиономија по вечерашните реванши од дополнителните квалификации.

Во скандинавското дерби, Данска ќе се обиде да ја анулира предноста на Шведска од 2-1 остварена на првиот натпревар. Во потешка ситуација е Словенија која треба да брка разлика од 2-0 во дуелот со Украина. Вчера Република Ирска ја совлада Босна и Херцеговина со 2-0 и го искористи поволниот нерешен резултат 1-1 од првиот дуел. Ирците двапати по ред ќе учествуваат на ЕУРО. Со идентични 3-1 во вкупниот биланс, Унгарија ја елиминираше Норвешка и се врати на европските шампионати по 43 години.