Познати 24 учесници на ЕУРО, ждрепката на 12 декември

18.11.2015 19:15

По одигрување на последните два реванш натпревари во баражот за Е П во кои пласман во завршницата обезбедија Шведска и Украина, УЕФА ја објави листата на сите земји учеснички и нивните позиции...

По “плеј оф“ мечевите за пласман на Европското првенство се комплетира мозаикот од 24 репрезентации кои ќе настапат на 15 континентален репрезентативен собир во Франција  следната година. По многу возбудувања во плеј оф мечевите за пласман на Европското фудбалско првенство се комплетира мозаикот од 24 репрезентации кои ќе настапат на 15 континентален репрезентативен собир во Франција.

По одигрување на последните два реванш натпревари во баражот за Е П во кои пласман во завршницата обезбедија Шведска и Украина, УЕФА ја објави листата на сите земји учеснички и нивните позиции. Франција е автоматски носител во А групата, а покрај домаќинот како носители се уште актуелниот континентален шампион Шпанија, потоа светскиот Германија, Англија Португалија и Белгија. Во вториот сад за извлекувањето ќе бидат Италија, Русија, Швајцарија, Австрија, Хрватска и Украина.

Во третиот се Чешка, Шведскa, Полска Романија, Словачка и Унгарија и во четвртиот најниско рангираните според рејтингот Турцијa, Ирска, Исланд, Велс, Aлбaниa и Северна Ирска. И покрај неизвесната безбедносна состојба во френцуската престолнина ждрепката е закажана за 12 декември во Париз, а Европскиот шампионат ќе биде од 10 јуни до 10 јули на 10 стадиони во Франција.