Откривање рак од капка крв

19.11.2015 11:51

Тестот развиен на универзитетот во Умеа се покажал 96 отсто точен, пишува стручното списание „Cancer Cell“...

Шведски научници развија тест што овозможува откривање присутност на рак врз основа на анализа на само една капка крв.

Тестот развиен на универзитетот во Умеа се покажал 96 отсто точен, пишува стручното списание „Cancer Cell“.

Истражувачите појаснуваат дека тестот се темели на анализа на РНК на тромбоцити, и со детекција се овозможува и класификација на ракот и откривање на локацијата на туморот во организмот.

Според нив, т.н. течна биопсија би можела да се користи во комбинација со постоечките инвазивни методи на откривање рак.

Се очекува дека примената на новиот тест да овозможи дијагноза на рак во значително порана фаза на развој, кога шансите за успех на лекувањето се поголеми.

Тестот засега е проверен врз примерок од 283 испитаници.