Која е тајната на младешкиот изглед?

01.12.2015 11:45

Поинаков сум од другите. Никогаш не сум тажен. Животот си го правам среќен со помош на дисциплина. Не пијам, не пушам и јадам многу растителни влакна...

На популарната Фејсбук страница „Humans of New York“, фотографот Брендон Стантон секојдневно објавува животни приказни на луѓето кои ги фотографира, а сега успеа со објективот да овековечи човек, кој за само неколку часа стана инспирација за илјадници луѓе.

Поинаков сум од другите. Никогаш не сум тажен. Животот си го правам среќен со помош на дисциплина. Не пијам, не пушам и јадам многу растителни влакна. Секој ден шетам по парк и размислувам за рамнотежата. Бев готвач, моден дизајнер, сликар, а сега се занимавам со боречки вештини. Секое утро во паркот тренирам Тај Чи. Така добивам енергија за сликање. Јас веќе научив 42 потези и сум пред сите. Имам 80 години, но сите жени во мојата група мислат дека сум во 50-тите, откри мажот кој ги шокираше сите со неговиот младешки изглед.

Веднаш се јавија и голем број читатели со свои искусва, а сите се согласуваат дека за долговечност и младешкиот изглед особено важен е токму позитивниот поглед на светот.

Објавениот пост за повеќе од десет часа го лајкувале над милион пати и има повеќе од сто илјади споделувања.