Со ореви против дијабетес

01.12.2015 11:48

Оревите се одличен извор на масни киселини и други хранливи материи, на пример фолат и витамин Е...

Лицата кои секојднево јадат грст ореви имаат помал ризик за присуство на фактори поврзани со заболување од дијабетес тип 2, објавија американски научници.
 
Секојдневно внесување ореви во текот на шест месеци резултираше со подобрување на функцијата на крвните садови и намалување на концентрацијата на т.н. лош (ЛДЛ) холестерол во крвта, инаку важни фактори за ризик од дијабетес тип 2.
 
Оревите се одличен извор на масни киселини и други хранливи материи, на пример фолат и витамин Е.
 
Дваесет до 35 отсто од дневниот внес на калории би требало да биде со потекло од масти, пишува стручното списание „BMJ Open Diabetes Research & Care“.
 
Наодите на научниците од Универзитетот Јеил се собрани од 31 маж и 81 жена на возраст од 25 до 75 години, кои секојдневно јаделе околу 60 грама ореви.